ЕУ предлага сертификати за вакцинирање до почетокот на летната сезона

Европската комисија месецов ќе предложи дигитален сертификат за вакцинација, кој ќе им овозможи на граѓаните на Европската Унија непречено да патуваат ова лето, јавува Ројтерс.

EPA-EFE

Извршната власт на Европската Унија сака на 17 март да ги претстави своите планови за „дигитална зелена пропусница“ и да соработува со меѓународните организации за да обезбеди овој систем да функционира и надвор од Европската Унија.

Пропусницата би претставувала доказ дека лицето е вакцинирано, како и резултат од тест за оние кои сè уште не ја примиле вакцината или информации за оздравување на луѓето кои биле заразени со вирусот.

„Целта е постепено да овозможиме безбедно движење по Европската Унија или во странство – за работа или туризам“, напиша на Твитер претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Лидерите на ЕУ се договорија минатата недела за воведување сертификат за вакцинација, а членките како Грција и Шпанија инсистираат на воведување ковид пасоши пред почетокот на туристичката сезона.

Сепак, сè уште е нејасно дали лице кое е вакцинирано може да го пренесе вирусот на други. Некои земји, како Белгија и Франција изразија загриженост дека дозволата за патувања само на вакцинираните би била кршење на човековите права и „нефер одлука“.

Комисијата истакна дека сака да избегне секаков вид дискриминација.

Членките на Европската Унија ќе имаат слобода да одредат сопствени критериуми за влез во земјата, иако целосно отворените граници претставуваат ризик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе