ЕУ пратеници: Не можеме да ги продолжиме преговорите ако Србија не ѝ воведе санкции на Русија

Втората најбројна пратеничка група во Европскиот парламент се огласи преку својот официјален профил на Твитер и го осуди потпишувањето на Планот за консултации на министерствата за надворешни работи на Србија и Русија за следните две години.

EPA-EFE

Социјалдемократите го осудија потегот на српското министерство за надворешни работи, кој во изминатите денови предизвика бројни негативни реакции, особено од бирократите од Европската Унија.

„ЕУ не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија ако не се усогласи со санкциите на ЕУ против Русија. Тоа ќе го кажеме во претстојниот извештај на Парламентот за проширување“, наведоа европските социјалдемократи.

Тие ја пренесоа и изјавата на пратеникот на Европскиот парламент и известувач за новата стратегија за проширување на ЕУ Тонино Пицула кој кажа: „Многу е разочарувачко што ова доаѓа од земја која тежнее да се придружи на ЕУ“.

Министрите за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и на Србија Никола Селаковиќ потпишаа на 23 септември План на консултации на министерствата за надворешни работи на двете земји за следните две години.

Овој потег на Србија наиде на осуда од ЕУ поради тоа што и покрај војната во Украина потпишува договори со Русија и ги игнорира повиците да ѝ воведе санкции на Русија. Известувачката на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон порача дека планот за соработка на Србија и Русија можеби е сигнал да се замрзнат преговорите со ЕУ.

„Ова е сериозен скандал. Среде бесната војна, министерството за надворешни работи на Република Србија потпишува план за идна соработка со рускиот агресор. Или тоа е можеби само сигнал за нас да ги замрзнеме пристапните преговори во Европската Унија, бидејќи влегувањето во ЕУ не оди преку Москва“, напиша на Твитер Фон Крамон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе