ЕУ потпиша договор за границата со Албанија

ЕУ и Албанија потпишаа нацрт-договор за границата, кој ќе ѝ овозможи на Европската погранична агенција Фронтекс да се распореди во западно балканската земја во случај на ненадеен бран на мигранти во земјата.

Европскиот комесар за миграција во понеделникот бил во Албанија, и потпишале нацрт-договор за управување со границата со западно балканската држава.

Комисијата го дочека договорот како зајакнување на надворешните граници на ЕУ.

Според договорот, европската погранична агенција Фронтекс може да се распореди во Албанија во случај на ненадеен бран мигранти.

„Албанија сега има историска можност својата иднина цврсто да ја поврзе со ЕУ“, рече комесарот Димитрис Аврамопулос по потпишувањето. „Овој договор ќе овозможи идно распоредување во Албанија на тимовите за гранична и крајбрежна стража на ЕУ“, пренесе Јуроњуз.

Брисел се надева дека договорот ќе послужи како пример за слични договори со другите земји во регионот.

Двете страни, исто така, потпишаа Меморандум за разбирање за да им помогнат на полицијата со наркотиците.

Властите во Албанија, едно време главните крстосници за наркотици, преземаат остри мерки во однос на производството и трговијата со марихуана.

Од 2014 година, владата има запленето стотици тони дрога и уништи милиони растенија.

Владата на премиерот Еди Рама како главна цел го постави справувањето со нелегалното производство на марихуана во земјата.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе