ЕУ покрена тужба против Астразенека

Европската комисија поднесе тужба против Астразенека за „целосен неуспех" во доставувањето на количината вакцина што била договорена, објави денеска ирскиот министер за здравство, пренесува Скај њуз.

Фото: ЕПА

„Што се однесува до Астразенека, Комисијата започна правна постапка и на почетокот на оваа недела ја приклучив Ирска како една од страните во процесот, особено околу целосниот неуспех на Астразенека да испорача договорени испораки за април, мај и јуни“, рече Стивен Донели, обраќајќи се денес до ирскиот парламент.

На состанокот на европските дипломати одржан вчера, повеќето европски земји потврдија дека ќе ја поддржат тужбата против Астразенека за кршење на договорот за испорака на вакцини до членките на ЕУ, наведе Политико.

Идејата зад тужбата е да се принуди Астразенека да ги достави дозите вакцини што вети дека ќе ги испорача во договор со Европската унија, објави Политико, повикувајќи се на дипломатски извори.

Астразенека предизвика негодување во ЕУ во јануари кога соопшти дека нема да може да ѝ го достави на Унијата бројот на дози за кои првично се обврза.

До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози за земјите од ЕУ, а не 100 милиони колку што било договорено.

Тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува Политико.

Компанијата соопшти дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога според договорот со ЕУ требало да бидат испорачани сите 300 милиони дози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе