ЕУ подготвува санкции против Белорусија поради насилството врз демонстрантите

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел подготвува список на санкции против белоруски службеници поради насилството по претседателските избори, соопштија дипломати.

Меѓу оние што ќе бидат санкционирани се и оние кои се одговорни за полициско насилство и изборни измами, велат европски извори.

ЕУ „не ги прифаќа изборните резултати“ во Минск, напиша Борел на Твитер доцна во петокот, додавајќи дека започната е работа на „санкционирање на одговорните за насилството и фалсификувањето“ на гласовите.

Илјадници демонстранти кои ги критикуваа изборите одржани во неделата се уапсени во изминатите денови.

Многумина од тогаш се ослободени, но многу од нив тврдат дека во притвор лошо се постапувало со нив.

Европската унија процени дека изборите не биле „ниту слободни ниту фер“ и го осуди полициското насилство.

„Државните власти применија непропорционално и неприфатливо насилство што предизвика најмалку еден смртен случај и многу повредени“, се предупредува во изјавата на Борел.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе