ЕУ организира донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Европската комисија соопшти денес дека во јануари ќе биде одржана донаторска конференција за обнова во Албанија по земјотресот во кој загинаа 51 лице.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изјави дека земјите на ЕУ се обврзале дека ќе пружат помош за „долгорочна обнова“.

Над 113.000 луѓе останаа без покрив над главата по земјотресот кој оштети околу 14.000 објекти. Експертите и понатаму ја проценуваат штетата.

Албанските власти побараа меѓународна финансиска помош за обновата која би требало да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата издвои околу 117 милиони долари за реконструкцијата на оштетените области.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер на 26 ноември го погоди јадранскиот брег на Албанија.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе