Македонија ја нема на листата

ЕУ објави нова листа на земји со дозвола за влез

Советот на Европската Унија усвои ревидирана листа на земји на чии државјани им е дозволен влез во земјите на ЕУ, а на неа ја нема Македонија.

EPA-EFE

Советот на ЕУ официјално ја објави новата листа на земји за кои од 16 јули се препорачува укинување на рестрикциите за патувања во ЕУ.

На листата се 13 земји од претходниот список, а Србија и Црна Гора се единствените тргнати од листата.

Од Брисел наведуваат дека листата повторно ќе биде ажурирана за две недели.

Врз основа на критериумите кои ги опфаќаат пред сѐ епидемиолошката ситуација и мерките на заштита, државите членки на ЕУ од 16 јули постепено треба да ги укинуваат ограничувањата за патувања за жителите на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, која пак е подложна и на услов за реципроцитет за патувања на граѓани на ЕУ на нејзина територија.

Станува збор за земјите кои беа на листата на Советот на ЕУ која се применуваше од 1 јули со исклучок на Србија и Црна Гора кои се отстранети поради влошување на епидемиолошката ситуација.

Во Советот на ЕУ наведуваат дека третите земју, на чии граѓани им е дозволено патување во ЕУ, мора да имаат број на нови случаи на ковид-19 во текот на последните 14 дена на 100.000 жители „блиску или под просекот“ на ЕУ, да имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи во претходните 14 дена, а се зема предвид и вкупниот одговор на третите земји на коронавирусот вклучувајќи аспекти како тестирање, надзор, следење на контактите, задржување, лекување и известување, како и сигурноста на информациите.

Во Брисел истакнуваат дека препораката на Советот на ЕУ не е правно обврзувачки инструмент и дека властите на земјите членки остануваат одговорни за спроведување на содржината на препораката.

Земјите членки можат, но не мораат, да ги укинат ограничувањата за патување за наведените земји, а не би требало да одлучат да ги укинат ограничувањата за патување за трети земји кои не се на листата пред заеднички координирана одлука на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе