ЕУ нема да признае израелски суверенитет врз Голанската висорамнина

Европската Унија денес истакна дека нема да го признае израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е време тоа да се направи.

„Ставот на ЕУ не е сменет“, изјави портпаролката на ЕУ за Ројтерс, коментирајќи ја изјавата на Трамп.

„Европската Унија, во согласност со меѓународното право, не го признава израелскиот суверенитет над територијата која Израел ја окупираше во јуни 1967, вклучувајќи ја Голанската висорамнина, и не ја смета за дел од израелската територија“.

Портпаролката на германската влада изјави дека Голанската висорамнина е сириска територија окупирана од Израел.

„Ако се менуваат националните граници тогаш тоа мора да се направи со мирни средства на сите вклучени“, изјави Улрике Демер. „Владата отфрла еднострани чекори“.

Франција нема да го признае израелското припојување бидејќи е спротивно на меѓународните закони, соопшти француското министерство за надворешни работи.

„Голан е територија која Израел ја окупираше во 1967. Франција не ја признава израелската анексија од 1981 година“, соопшти на брифинг министерството. Се истакнува и дека според резолуциите на Советот за безбедност на ОН таа анексија е неважечка.

Советот за соработка во Персискиот залив, регионалната група на шесте арапски монархии, исто така изрази жалење поради Трамповиот повик за признавање на израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина.

Изјавата на Трамп „нема да ја смени реалноста дека Голанската висорамнина е сириска територија која израел ја окупираше со воена сила во 1967“, кажа Абдул Латиф ал Зајани, генералниот секретар на Советот.

Сириската влада претходно ја осуди изјавата на Трамп и соопшти дека Сирија е решена да ја врати областа „со сите достапни средства“.

Во извештајот што го објави сириската државна новинска агенција, избор од министерството за надворешни работи кажа дека изјавата на американскиот претседател ја покажува „слепата пристрасност на Соединетите Држави“ кон Израел. Изјавите не ја менуваат „реалноста дека Голан бил и ќе остане сириски, арапски“.

„Сириската нација е уште порешена да го ослободи тој драгоцен дел од сириската национална територија со сите можни средства“, соопшти извор додавајќи дека Трамповата изјава е „неодговорна“ и дека покажува „презир“ кон меѓународното право.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе