„Навистина нема изговор да не се усвои тој пакет“, рече тој.
„Убеден сум дека во наредните денови ќе усвоиме нов пакет санкции, јасно е дека сѐ уште има потреба да се разговара, но верувам дека разговорите треба да се одвиваат онаму каде што им е местото, за да не се испраќа слика на несогласување. Русија нè гледа“, рече австрискиот министер за надворешни работи на Александар Шаленберг.
Литванија, пак, вели дека „една земја-членка ја држи во заложништво целата Европска Унија“, мислејќи на Унгарија.
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис во понеделникот изјави дека плановите на Европската Унија да воведе ембарго за нафта на Русија ги блокира само една од 27-те членки на блокот.
„Целата Унија е заложник на една земја-членка... мора да се согласиме, не можеме да бидеме заложници“, рече Ландсбергис при пристигнувањето на средбата со своите колеги.
Последниот пакет санкции вклучува ембарго на руската нафта, на што најгласо се противи Унгарија.