ЕУ не го признава Лукашенко како белоруски претседател

Европската Унија одбива да го признае Александар Лукашенко за белоруски претседател по неговата ненадејна инаугурација на која „ѝ недостига демократски легитимитет“, а Брисел ги преиспитува своите односи со Минск, изјави шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.

EPA-EFE

Тајната инаугурација на Лукашенко во средата предизвика нова осуда на Западот и масовни протести во Белорусија кои траат уште од спорните избори на 9 август.

Изборите не беа ни слободни ни фер и „ЕУ не ги признава наместените резултати“, соопшти Борел. „На таканаречената инаугурација и на новиот мандат на Лукашнко им недостига демократска легитимност“, кажа Борел.

„Оваа инаугурација е во директна спротивност со волјата на голем дел од белоруското население, изразена во бројните и мирни протести од изборите и служи само за уште поголемо продлабочување на политичката криза во Белорусија“, кажа поранешниот шпански министер за надворешни работи.

ЕУ повикува на правото на Белорусите да ги „претставуваат оние кои слободно ќе ги изберат преку инклузивни, транспарентни и веродостојни избори“, додаде Борел.

Тој повторно им даде поддршка на мирните протести и повиците на нови избори „и покрај бруталната репресија на белоруските власти“.

Брисел го повика официјален Минск да се „воздржи од понатамошна репресија и насилство над белорускиот народ и веднаш без услови да ги ослободи приведените, вклучувајќи ги и политичките затвореници“, истакна Борел.

„ЕУ останува уверена дека инклузивниот национален дијалог и позитивниот одговор на барањата на белорускиот народ за нови демократски избори се единствениот начин со кој би се нашол излез од сериозната политичка криза во земјата“.

Во соопштението се наведува дека Брисел „ги разгледува своите односи со Белорусија“.

ЕУ подготвува санкции против 40 лица кои ги смета одговорни за репресијата и бара начин да го казни Лукашенко, открија дипломатски извори.

Но, за тоа е потребна согласност на сите 27 членки на ЕУ, а Кипар го условува својот глас со преземање мерки кои ќе ја натераат Турција да престане да истражува наоѓалишта на нафта и гас во источниот Медитеран.

Шведска и Финска одбиваат да го санкционираа Лукашенко за да се овозможи посредување на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) со која ќе претседава Стокхолм.

За тоа ќе се расправа на самитот на ЕУ на 1 и 2 октомври во Брисел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе