Коронавирус

ЕУ не го одобрува едностраниот потег на САД за забрана на патувањата

Коронавирусот е глобална криза, не е ограничена на ниту еден континент и затоа е потребна соработка, а не еднострани потези, се реакциите на лидерите на ЕУ на американската забрана на патувањата од Европа во САД.

„Европската унија не го одобрува фактот дека Соединетите Држави еднострано воведоа забрана за патувања и без консултации“, се вели во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен.

„Коронавирусот е глобална криза, не е ограничена на еден континент и бара соработка, а не еднострани потези“, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката за воведување забрана за влез во Соединетите Држави од шенгенскиот простор, после Кина најпогоден дел од светот со коронавирус.

Забраната стапува во сила во петок на полноќ, ќе трае 30 дена и се однесува на 26 земји од зоната за слободно движење во Европа. Во овие држави има најмногу потврдени случаи на коронавирус надвор од континентална Кина.

До 11 март, забележани се 17.442 заболени, и 711 починати.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе