ЕУ: На Косово криза и поради вирусот и поради политиката

Европската Унија денес оцени дека гласањето во косовското собрание за недоверба на владата довело до тешка политичка криза во момент на актуелната криза со коронавирусот.

„На Косово му е потребна стабилност и насочување на сите напори во борбата против кризата со коронавирусот и заштитата на здравјето на луѓето“, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро.

Таа по повод изгласувањето недоверба на владата на Аљбин Курти порача дека сите политички лидери на Косово во оваа ситуација мора постапуваат одговорно и во интересот на народите на Косово.

„Ова вклучува преземање на сите потребни мерки за управување со пандемијата и нејзиното влијание врз животот на луѓето, општеството и економијата“, наведе портпаролката на ЕК.

Европската комисија напомена дека чекорите кои доаѓаат по вчерашното гласање во косовскиот парламент мора да бидат во согласност со косовскиот устав.

Со мнозинство гласови во косовскиот парламент синоќа ѝ беше изгласана недоверба на владата на премиерот Курти, кој од денес официјално ќе биде вршител на должноста премиер.

За падот на владата синоќа гласаа 82 пратеници, 32 беа против и двајца беа воздржани.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе