ЕУ му се закани на Лукашенко: „Изборите не беа ни слободни ни фер“

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави дека ЕУ темелно ќе ги преиспита своите односи со Белорусија.

EPA-EFE

Тој оцени дека претседателските избори во таа земја не биле ни слободни ни фер.

„Ќе ги оцениме потезите на белоруските власти и ќе спроведеме длабоко преиспитување на односите на ЕУ со Белорусија“, кажа Борел.

Оцени дека граѓаните на Белорусија покажале дека сакаат промена и ја повика власта во Минск да почне дијалог со сите делови на општеството.

„Изборите не беа ни слободни ни фер“, наведе Борел повикувајќи се на „кредибилни извештаи“ на домашни набљудувачи кои покажале дека гласањето не е спроведено во согласност со меѓународните стандарди.

Тој кажа дека ЕУ размислува за можни потези против лицата кои се вмешани во пресметката на белоруската полиција со демонстрантите по претседателските избори одржани во неделата или против функционери кои можеби влијаеле врз гласањето.

„Тоа, меѓу другото, би можело да опфати преземање мерки против одговорните за насилството, неоправданите апсења и фалсификувањето на резултатите на изборите“, наведе Борел.

Според официјалните резултати на белоруските претседателски избори, долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои над 80 отсто од гласовите, а водечката опозициска кандидатка Светлана Тихановскаја околу 10 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе