Иако СЗО промовира глобален пристап

ЕУ купува најмалку 300 милиони дози од потенцијалната британска вакцина

Европската Унија објави дека се договорила да купи најмалку 300 милиони дози од потенцијалната вакцина против коронавирусот на Астра зенека.

Фото: ЕПА

Тоа е првата таква европска набавка на вакцина што е договорена однапред, што може да ги поткопа плановите на Светската здравствена организација (СЗО) за глобален пристап.

Европската комисија, која преговара од името на сите 27 членки на Унијата, објави дека договорот вклучува опција да се купат уште 100 милиони дополнителни дози од таа британска компанија доколку нејзината вакцина се покаже безбедна и ефикасна.

Европскиот билатерален договор ги одразува ставовите на Соединетите Држави и другите богати земји, од кои некои се критични кон иницијативата на СЗО.

Денеска постигнатиот договор следува по начелниот договор со Астра зенека во јуни.

Комисијата објави дека целта на нејзиниот нов договор е финансирање на дел од трошоците за производство на вакцини.

Брисел исто така рече дека во последните две недели преговарал со Џонсон&Џонсон и Санофи, а во јули објави дека е во преговори со Фајзер, Модерна и Кјур ваком.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе