Се чека реакција на ИАЕА

ЕУ ќе причека со реакција на иранското збогатување ураниум, Израел го осуди

Европската комисија објави денес дека ќе го причека мислењето на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) пред реакцијата на објавата на Иран дека почнал да збогатува ураниум на 20 отсто, што веќе го осуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

EPA-EFE

Ако Техеран навистина почнал да збогатува ураниум на ниво над 20 отсто, значително над 3,67 отсто одредени со договорот од 2015 меѓу Иран и светски сили, тоа би било „значително напуштање“ на обврските преземени со тој договор, кажа портпаролот на Европската комисија за надворешни работи Петер Стано во Брисел.

Дека Иран почнал да збогатува ураниум на тоа ниво претходно објави портпаролот на иранската влада Али Рабиеи кажувајќи дека тоа почнало „пред неколку часа“ во подземниот нуклеарен објект Фордо, пренесоа агенциите.

Тој потег би имал „сериозни импликации по неширењето на нуклеарното оружје“, кажа Стано.

Тој потсети на „важноста од избегнување какви било чекори кои ќе го поткопаат нуклеарниот договор“.

ИАЕА треба во текот на денот да ги информира членките на организацијата за понатамошните чекори.

Денес на иранското соопштение реагираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажувајќи дека Израел никогаш нема да дозволи Техеран да развие нуклеарно оружје, пренесува Ројтерс.

Раибеи претходно истакна дека процесот на збогатување е во согласност со нуклеарниот закон неодамна изгласан во парламентот.

Со него се овозможува годишно производство од 120 килограми ураниум збогатен на ниво од 20 отсто, а на државната атомска агенција ѝ се дозволува производство на 500 килограми послабо збогатен ураниум месечно.

Договорот од 2015 меѓу Иран и светските сили бара Иран, во замена за укинување на економските санкции, да го ограничи производството на збогатениот ураниум кој се користи во цивилни цели.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот, Иран објави дека повеќе нема обврски кон тој договор и од тогаш неколку пати ги прекрши ограничувањата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе