ЕУ ќе ѝ помогне на Црна Гора да го реши проблемот со долгот кон Кина

Европската Унија е спремна да ѝ помогне на Црна Гора во наоѓањето решенија за враќање на долгот кон кинеските банки, кој државата го зема за да финансира инфраструктурни проекти, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро.

EPA-EFE

Додаде дека ЕУ е загрижена поради социоекономските и финансиските ефекти кои може да ги имаат кинеските инвестиции.

Потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ при првата посета на Брисел, на 17 март, пред пратениците на Европскиот парламент побара помош од ЕУ, наведувајќи дека Кина врши влијание преку доделениот кредит за делницата на автопатот Бар-Бољаре.

„ЕК и понатаму ќе ја поддржува Црна Гора на патот кон членството во ЕУ и во тој контекст ќе соработува со државата во наоѓањето финансиски решенија за нејзините инвестициски проекти и ќе обезбеди одржливост на нејзиниот јавен долг“, кажа Писонеро за Радио слободна Европа.

Таа додаде дека секоја држава може слободно да ги утврди инвестициските цели.

Писонеро додаде дека ЕК е загрижена поради социоекономските и финансиските ефекти кои некои кинески инвестиции може да ги имаат.

„Постои ризик од макроекономски нерамнотежи и зависност од долгот“, предупреди таа.

Кинеската компанија ЦРБЦ ја гради првата делница од автопатот, а кинеската Ексим банка ѝ даде кредит на Црна Гора од 809 милиони долари, чија отплата на главнината почнува кон средината на оваа година.

Министерот за финансии Милојко Спајиќ потврди вчера дека владата на Црна Гора преговара за дополнителен кредит со Ексим банката во износ од 127 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе