ЕУ ja укинува листата на безбедни земји, приоритет имаат вакцинираните

Европската комисија ги ажурираше правилата за неесенцијални патувања во ЕУ од трети земји, а приоритет им е даден на вакцинираните патници.

Фото: ЕПА

Со денешниот предлог на Комисијата државите-членки се повикани да ги прифатат и вакцините што ги одобри СЗО, освен тие што се во употреба во ЕУ, но покрај нив ќе биде неопходен и доказ за негативен ПЦР-тест.

„Државите-членки би требало да продолжат да ги примаат патниците заштитени со вакцините што ги одобри ЕУ. Од 10 јануари 2022 година државите-членки би требало да се отворат и за сите тие што се вакцинирани со вакцините од списокот на СЗО за итни случаи. Истовремено, во ЕУ би требало да може да патуваат и тие што се оздравени од ковид-19 180 дена пред патувањето или ако имаат ЕУ-дигитален ковид- сертификат или сертификат што се смета за еквивалентен“, наведуваат во Брисел.

Идните правила за патниците од Балканот го содржат и временското ограничување од 9 месеци, во кое се прифаќаат потврдите за вакцинација по примарната вакцинација, а ажурирањето исто така ќе вклучи прифаќање потврди за вакцинација издадени по дополнителната (бустер) доза.

Ревидираните правила појаснуваат дека децата меѓу 6 и 17 години би требало да може да патуваат во ЕУ со негативен ПЦР-тест направен пред поаѓање, дури и ако не се вакцинирани, додека тест и вакцинација не се потребни за децата помлади од 6 години.

Со оглед на сѐ поголемиот број вакцинации низ целиот свет, Комисијата предлага од 1 март следната година да се укине листата на земји од кои се дозволени сите патници без оглед на статусот на вакцинацијата.

За периодот до 1 март, ЕК предлага да се изменат некои ограничувања за вклучување  земји на листата, така што од сегашните 74 на 100, прагот на новозаразени ќе се зголеми на 100.000 жители, а неделните стапки на тестирања од 300 на 600 луѓе исто така ќе се зголемат на 100 илјади жители.

„Поради напредокот во кампањите за вакцинација низ целиот свет, Комисијата предлага упростен пристап од 1 март 2022 година,  кој целосно зависи од статусот на патникот, а не од земјата на поаѓање. Државите-членки треба да им дозволат влез на вакцинираните, оздравените или на лицата на есенцијални патувања, а треба да се  укине списокот на земјите со доволно добра епидемиолошка ситуација од кои би требало да бидат можни сите патувања“, се наведува во предлогот на Комисијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе