Најмалата членка на ЕУ сака да привлече странски капитал

ЕУ ја предупредува Малта поради продажбата на „златни пасоши“

Мисија на Европската Унија која престојуваше на Малта за да „го истражи владеењето на правото“ изрази загриженост поради издавањето пасоши на странци.

„Тој нетранспарентен систем носи ризик од увоз на криминалци и перење пари во целата ЕУ“, кажа Ана Гомез, која ја предводеше делегацијата, коментирајќи ја шемата на таканаречените златни пасоши.

Најмалата членка на ЕУ, со само 420.000 жители, сака да привлече странски капитал со ваквите програми, иако Брисел ги истакнува ризиците од потенцијалното привлекување пари од криминални активности.

Премиерот на Малта Џозеф Мускат, кој во неделата најави повлекување поради кризата која ја предизвика истрагата на убиството на истражувачката новинарка, ја воведе таа програма во 2014 година.

Случајот на Дафне Каруана Галиција го разниша политичкиот естаблишмент и ја истакна пошироката загриженост околу корупцијата и слабиот правосуден систем на Малта.

Би-би-си пишува дека продажбата на државјанства стана голем глобален пазар за богаташите кои бараат ниски даноци, елитно образование но и од политички причини.

За добивање пасош на Малта, потребно е да се уплатат 650.000 евра во националниот развоен фонд, 150.000 во малтешки акции и обврзници, да се купи недвижност во вредност од најмалку 350.000 евра или да се изнајми за 16.000 евра годишно.

Апликантите мора да имаат статус на резидент повеќе од 12 месеци, иако не е услов да бидат таму физички.

Од воведувањето на програмата малтешко државјанство добиле 833 инвеститори и 2.109 членови на нивните семејства, наведува Би-би-си.

Малтешкиот пасош обезбедува безвизен режим на патување во другите европски држави бидејќи Малта е потписничка на Шенгенскиот договор.

Од средината на 2017 до средината на 2018 од таа шема се собрани 162.375 евра, што е еднакво на 1,38 од БДП на Малта во тој период, иако во 2018 купувањето пасоши опаднало.

Британскиот сервис пишува дека постои јасна иницијатива државите како Малта да воведуваат вакви програми за привлекување значителни инвестиции.

„Многу микродржави станаа зависни од приходите кои ги собираат преку ваквите програми“, вели Лук ван дер Барен од Европскиот универзитетски институт во Фиренца.

Малтешката влада не ги објавува информациите за поединечните држави на потекло на лицата кои се пријавуваат за „златните пасоши“, но достапни се податоците по региони, кои покажуваат дека најмногу ги има од Европа.

Членките на ЕУ, меѓутоа, се обврзани годишно да ги објавуваат податоците за новите државјани.

По воведувањето на таа политика на медитеранскиот остров во 2014, дојде до зголемување на бројот на натурализирани државјани од Русија, Кина и Саудиска Арабија.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе