ЕУ ја предупреди Британија за брегзитот: Времето истекува, имате уште неколку дена

Главниот преговарач на ЕУ за брегзитот Мишел Барние оцени денес дека преостанува „многу работа“ за пробивање од застојот на 18 дена пред предвидениот развод меѓу Британија и Европската Унија.

Тој како „конструктивни“ ги оцени преговорите за време на викендот меѓу Лондон и Брисел, според соопштението на Европската комисија.

Времето минува и неколку дена пред европскиот самит на 17 и 18 октомври во Брисел, тоа е последната шанса за избегнување на излегување од ЕУ без договор и со тешки последици, а трето одложување би донело продолжување на неизвесноста околу патот по кој ќе тргне Британија по 46 години во европското семејство.

Барние вечерва во Брисел ги информираше 27-те амбасадори на ЕУ за напредокот на нивните разговори со Лондон.

Еден европски дипломат по средбата потврди дека немало ни трага од брзо решение на кризаа и напомена дека ставот на Британија не е многу сменет.

„Сѐ уште нема напредок. Интензивните разговори продолжуваат. Остануваат само уште неколку дена до европскиот самит“, кажа изворот. „Ако британската влада сака решение, мора брзо да дејствува. Времето истекува“.

Барние вечерва треба да го информира Европскиот парламент за напредокот на преговорите со Лондон а во вторник министрите за надворешни работи на Унијата во Луксембург.

Техничките разговори на Лондон и Брисел продолжуваат утре.

Британија и ЕУ не успеваат да се договорат за начинот како по брегзитот да се избегне враќање на физичката граница меѓу Северна Ирска, британската покраина, и Република Ирска, која е дел од ЕУ, и како да се задржи мирот на островот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе