За заштита на жените од насилство

ЕУ ја повика Турција да ја преиспита одлуката за повлекување од Истанбулската конвенција

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика денес сите потписнички на Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство, да ја ратификуваат.

EPA-EFE

„Насилството врз жените е неприфатливо. Жените заслужуваат силна правна рамка која ќе ги заштити“, објави Фон дер Лајен на Твитер изразувајќи поддршка на конвенцијата.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изрази жалење поради вчерашната одлука на Турција да се повлече од конвенцијата и ја повика да ја смени одлуката.

„Се надеваме дека Турција наскоро повторно ќе ѝ се придружи на ЕУ во одбраната на правата на жените и девојчињата, што е основен елемент на човековите права, мирот, безбедноста и еднаквоста во 21 век“, наведе Борел во соопштение.

Борел оцени дека сега е времето да се засилат глобалните напори во борбата против насилството врз жените и девојчињата, а дека не е време за повлекување.

„Тоа денес е поважно од кога било, бидејќи насилството врз жените и девојките значително е зголемено низ светот како резултат на пандемијата на ковид-19 и многуте конфликти, во кои жените се првенствено жртви“, кажа Борел.

Истанбулската конвенција е првиот меѓународно обврзувачки инструмент за борба против насилството врз жените и насилството во семејството, чија цел е да обезбеди основна правна заштита на жените и девојките низ светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе