ЕУ ја обвини Русија дека шири дезинформации за европските и американските вакцини

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел денес ги обвини руските државни медиуми дека шират лажни информации за европските и американските вакцини против коронавирусот во државите каде што сакаат да ги продаваат своите вакцини.

EPA-EFE

„Руските повеќејазични медиуми под контрола на државата отворено се потсмеваат со западните произведувачи на вакцини, а тоа во некои случаи доведе до апсурдни тврдења дека тие вакцини ќе ги претворат луѓето во мајмуни“, напиша Борел.

„Тие приказни очигледно се насочени на државите во кои Русите сакаат да ја продадат својата вакцина Спутник V“, додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, не давајќи конкретни примери.

Рускиот независен фонд РДИФ, кој се бави со промовирање на вакцините во странство, сè уште за Ројтерс не го коментирал соопштението на Борел, а ни руското министерство за здравство.

Кога фармацевтската компанија Астра Зенека, која на вакцината соработува со универзитетот Оксфорд, во септември ги сопре клиничките истражувања поради необјаснетата смрт на волонтер, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека Спутник V е побезбедна бидејќи е заснована врз аденовирус најден во човекот, додека британската вакцина е „за мајмуни“.

Тестирањето на вакцината, која со помош на биоинженеринг го користи безопасниот вирус на обичната настинка кај шимпанзите за човечките клетки да ги насочи на производство антитела, продолжи неколку дена по одобрувањето на агенцијата за безбедност на лековите.

Русија минатата недела ја испрати првата пратка вакцини во Аргентина со која склучи договор за доставување 10 милиони дози. Москва потпиша договори со низа јужноамерикански и азиски држави за вакцината која чини помалку од 20 долари по пациент.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе