ЕУ ја напушта економијата заснована на фосилни горива

Европската комисија претстави предлог мерки што треба да се спроведат во областа на климатската политика, транспортот, енергијата и даноците за до 2030 година емисијата на штетни гасови да се намали за 55 проценти.

Фото: ЕПА

Мерките претставуваат комбинација на намалување на емисиите на штетни гасови, зачувување на економијата, но и ставање на социјалната рамнотежа во центарот на оваа транзиција од економија базирана на фосилни горива кон чисти и обновливи извори на енергија.

Откако ќе бидат усвоени од Европскиот парламент и Советот на ЕУ, овие мерки ќе станат обврзувачка правна рамка што ќе доведе до постигнување на крајната цел за климатски неутрална Европа до 2050 година, според Брисел.

„Знаеме каде треба да одиме и што треба да сториме за да стигнеме таму. Тековната економија базирана на фосилни горива ги достигна своите граници и знаеме дека треба да се свртиме кон нов модел заснован на иновации и чиста енергија. Нашата климатска цел веќе не е само политичка намера, туку и законска обврска“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Во Брисел забележуваат дека за оваа „зелена трансформација на Европа“ е наменета една третина од вкупниот буџет за закрепнување на ЕУ, што изнесува околу 500 милијарди евра.

Европската комисија предупредува дека емисиите на јаглерод диоксид мора „да имаат цена“, која ќе ги охрабри производителите, потрошувачите и иноваторите да изберат чисти технологии и извори на енергија.

Досегашниот ЕУ-систем за трговија со емисии веќе ги намали емисиите на штетни гасови во производството на електрична енергија и енергетски интензивни индустрии за 42,8 проценти во последните 16 години.

ЕК предлага дополнително заострување на ограничувањата, постепено укинување на дозволите за емисии за воздухопловството, а и вклучување на бродарството, за прв пат, во системот што ги ограничува емисиите на штетни гасови.

Со цел да се намалат емисиите на стакленички гасови во патниот транспорт и за домувањето, се воспоставува посебен систем на ЕУ за трговија со емисии за дистрибуција на гориво.

Комисијата додава дека ЕУ треба да се стреми кон постигнување климатска неутралност во секторите на употреба на земјиште, шумарство и земјоделство, вклучително и земјоделски емисии без ЦО2, како што се оние од употребата на ѓубрива и добиток. Стратегијата за шумарство на ЕУ има цел да ги подобри квалитетот, квантитетот и еластичноста на шумите на ЕУ со план за засадување три милијарди дрвја низ цела Европа до 2030 година.

„Посилните стандарди за емисија на ЦО2 за автомобили и комбиња ќе го забрзаат преминот кон мобилност со нулта-емисија со барање просечните емисии од новите автомобили да се намалат за 55 проценти од 2030 година и 100 проценти од 2035 година во споредба со нивото од 2021 година. Како резултат на тоа, сите нови автомобили регистрирани од 2035 година ќе имаат нула-емисија на штетни гасови“, се наведува во документот на ЕК.

Од даночна страна, ревизијата на Директивата за оданочување на енергијата предлага да се усогласи оданочувањето на енергетскиот производ со енергетската и климатската политика на ЕУ, да се промовираат чисти технологии и да се отстранат застарените исклучоци и намалените стапки што во моментов поттикнуваат употреба на фосилни горива.

Се воспоставува и нов механизам што ќе се однесува на цената на јаглеродот при увоз, за да се осигури дека амбициозната климатска акција во Европа нема да доведе до „протекување јаглерод“.

Ова ќе осигури дека намалувањето на емисиите во Европа придонесува за глобално намалување на емисиите, наместо да се потиснува производството со интензивни емисии на јаглерод надвор од Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе