ЕУ извезла 37 милиони повеќе дози вакцини отколку што примиле нејзините членки

Европската Унија извезла околу 37 милиони дози вакцина против ковид-19 повеќе отколку што дистрибуирала меѓу 27 земји-членки, изјавија два извори за Ројтерс, повикувајќи се на податоци од блокот.

Фото: ЕПА

ЕУ се определи за заеднички пристап кон набавките на вакцините, а според Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ), скоро 133 милиони дози вакцини се дистрибуирани меѓу членките на ЕУ.

Паралелно со ова, ЕУ од 30 јануари извезла 136 милиони дози во 43 земји. Јапонија е најголем примател со 52,3 милиони дози, следена од поранешната членка на ЕУ Велика Британија со 16,2 милиони дози, откриваат извори откако Европската комисија ги презентираше овие бројки пред европските министри во вторникот. Во декември и јануари, според индикативните податоци на ЕУ за тие месеци, биле извезени околу 34 милиони дополнителни дози, со што вкупниот број дози извезени од Унијата се искачи на околу 37 милиони повеќе отколку што биле споделени меѓу земјите-членки.

Во однос на најдеталните достапни податоци од 30 јануари, кога ЕУ воспостави механизам за контрола на протокот на вакцини, Канада, Мексико, Саудиска Арабија, Швајцарија, Турција, Сингапур, Колумбија и Хонг Конг се заедно со Јапонија и Велика Британија, 10 водечки приматели на извозот од ЕУ.

Владите на ЕУ се под притисок да ги забрзаат програмите за вакцинација, кои заостануваат зад кампањите на Велика Британија и САД, поради доцнење на пратката и безбедносни причини, за ставање под контрола на третиот бран инфекции во блокот со 450 милиони жители.

Велика Британија и ЕУ меѓусебно се обвинуваа за „националистички пристап кон вакцините“ кога блокот воведе систем за следење на извозот за да утврди зошто не пристигнуваат договорените пратки со вакцини, особено од британско-шведската компанија „Астразенека“.

Велика Британија не достави вакцини во ЕУ. Расцепканото воведување вакцина во ЕУ ги принуди економистите да ги намалат очекувањата за економско закрепнување во еврозоната овој квартал.

Унијата неделава објави дека ќе достави повеќе од половина милион дози вакцина против ковид-19 на Западен Балкан до август за да им помогне на посиромашните соседи и да се спротивстави на кинеското и руското влијание во регионот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе