ЕУ испраќа во Русија експерти за проверка на Спутник V

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе испрати во април во Русија група експерти кои ќе ги проверат клиничките истражувања и производството на руската вакцина Спутник V против коронавирусот, изјави директорот на агенцијата за безбедност на здравјето и стратегијата на вакцинација Марко Кавалери.

EPA-EFE

Според него, проверка од европските медицински експерти освен вакцината Спутник V ќе имаат и германската компанија Кјурвак и американската Новавакс.

„Во тек е проверка на руската вакцина, ќе ги разгледаме сите податоци, за побрзо да ја одобриме. Во април ќе спроведеме инспекција во Русија која ќе се однесува и на производството и на клиничките истражувања. Тогаш ќе видиме кога ќе ги имаме сите податоци за можно одобрување на вакцината“, кажа Кавалери за италијанската телевизија Раи3.

Претходно претставник на работната група на темата коронавирус соопшти дека ЕМА не може пред мај да ја одобри руската вакцина.

Во саботата претседателот на регионот Лацио Никола Зингарети најави дека за неколку дена ќе биде потпишан договор за изведување научни истражувања на вакцината Спутник V во Националниот институт за инфективни болести во Рим.

Директорот на Институтот Фраческо Ваја изјави дека рускиот Национален истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја ќе испрати во Рим тројца свои соработници за заедничко истражување со италијанските колеги на ефикасноста на руската вакцина против различните варијанти на вирусот.

Научниот магазин Лансет ги објави на 5 февруари резултатите на третата фаза на клиничките истражувања на вакцината Спутник V, во кои се потврдува дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. За време на третата фаза на клиничките истражувања, вакцината покажала висока стапка на ефикасност, имуногеност и безбедност. Ефикасноста на вакцината е поголема од 91,6 отсто. Вакцината пружа целосна заштита од тешките случаи на ковид-19.

Руската вакцина Спутник V е одобрена во 52 земји во светот, а по популарноста е на второто место од сите достапни вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе