ЕУ им го скрати финансирањето на полските антигеј градови

Европската Унија им го скрати финансирањето на шест полски градови кои се прогласија за „зони без ЛГБТ“. Европската комисија потврди дека се залага за еднаквост на сите луѓе.

EPA-EFE

„Државите членки и државните тела мора да ги почитуваат вредностите на Европската Унија и основните права“, напиша на Твитер европската комесарка за рамноправност Хелена Дали додавајќи дека се одбиени пријавите на шест полски града. За кои средини станува збор Европската комисија не сакаше да открие, правдајќи се со интерните правила дека таквите информации не се објавуваат.

Градовите се пријавиле за програмата „твининг“, или збратимување, која ги поврзува градовите за да „загарантира мирни односи“ и да „го зајакнат меѓусебното разбирање и пријателство“ мешу европските граѓани.

Програмата обезбедува финансирање до 25 илјади евра.

Предвидено е програмата да мора биде достапна за сите европски граѓани, без оглед на нивните пол, раса, етничка припадност, уверување, години, сексуална ориентација и слично.

Претставниците на шесте града едноставно не успеале да ја уверат комисијата  за оценување на пријавите дека ги исполнуваат тие барања.

Портпаролот на комисијата Адалберт Јанц за Си-ен-ен изјави дека пријавите биле одбиени затоа што не било јасно дали проектот ќе биде во согласност со сите цели на проектот.

На Твитер се огласи и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Нашите договори обезбедуваат секоја личност во Европа да биде слободна онаква каква што е, да живее каде што сака и да сака кого сака“, напиша Фон дер Лајен.

Во март Меѓународната опсерваторија за човекови права објави дека една третина полски градови се изјасниле како „слободни од ЛГБТ идеологијата“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе