Таа кажа и дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден и дека се сложиле на суспензија на наплатата на царините во следните четири месеци, и дека се фокусирани на решавање на спорот.
„Ова е извонредна вест за компаниите и индустријата од двете страни на Атлантикот, како и многу позитивен сигнал за нашата економска соработка во иднина“, кажа Фон дер Лајен.
Соединетите Држави имаат царини на 7,5 милијарди долари вредна стока од Европската Унија, а ЕУ четири милијарди долари царина на увоз од САД.
Комесарот за трговија на ЕУ Валдис Домбровскис го поздрави новиот договор како значителен чекор напред.
„Ова значи ресетирање на односите со нашиот најголем и економски најзначаен партнер. Отстранувањето на овие царини е добитна комбинација за двете страни“, додаде Домбровскис.