ЕУ ѝ порача на Британија да се соочи со реалноста по брегзитот

Преговарачот на Европската Унија Мишел Барние повтори дека Велика Британија нема да ги задржи сегашните привилегии, вклучувајќи ги трговските, откако ќе ја напушти Унијата, и истакна дека Лондон мора да се соочи со тоа.

„Не може да се има статус на трета земја и да се бараат привилегии од Европската Унија“, кажа Барние на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур на расправата за насоките за рамката на идните односи меѓу ЕУ и Обединетото кралство. „Време е за соочување со суровите факти“, додаде тој.

ЕУ минатата година го одби барањето на британската премиерка Тереза Меј за специјален договор по брегзит нудејќи му на Лондон само договор за слободна трговија, без специјален статус за моќниот британски финансиски сектор.

Барние кажа дека немало други опции имајќи ја предвид желбата на Лондон да ги напушти единствениот пазар и царинската унија на ЕУ.

Тој го бранеше предлогот на ЕУ да продолжи да ја регулира трговијата во Северна Ирска по брегзитот, доколку нема друг начин да се избегне воспоставувањето „тврда граница“ меѓу Северна и Република Ирска, што предизвика остри реакции во Лондон и Брисел.

„Нашата одговорност е детално оперативно да разработиме како да се избегне тврда граница на ирскиот остров ако нема друго решение, а имајќи ја предвид желбата на Обединетото кралство да ги напушти единствениот пазар и царинската унија“, кажа тој.

Претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер го потсети Лондон и дека нема време за губење до излегувањето од Унијата во март 2019 година.

„Очигледно е дека Обединетото кралство треба да биде појасно за да се разбереме околу нашиот иден однос“, кажа Јункер. „Како отчукува часовникот, со време од уште една година, треба веќе говорите да се преведат во договори, ветувања и конкретни документи“.

Лидерите на останатите 27 членки на ЕУ на 23 март во Брисел ќе усвојат заеднички став за идните односи со Велика Британија, кој ќе биде мандатот на Барние во преговорите со Лондон.

ЕУ е решена да ја спречи Британија да ги бира предностите на блиската интеграција без да ги сподели трошоците и обврските од страв дека таквиот пример би охрабрил повеќе земји да ја напуштат Унијата.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе