ЕУ и Фајзер потпишаа нов договор за набавка на 1,8 милијарди дози вакцина

Европската унија потпиша нов договор со Фазјер/Бајонтек за набавка на 1,8 милијарди дози вакцина против ковид-19 од 2021 до 2023 година, со што ќе бидат опфатени залихите, донациите и препродажбата на дози, објави Европската комисија.

Фото: ЕПА

„Среќна сум што можам да објавам дека Европската комисија штотуку одобри договор за гарантирани 900 милиони дози (+900 милиони можни) со Бајонтек и Фајзер за периодот 2021-2023 година“, напиша на Твитер шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен.

„Ќе следат и други договори и други технологии за вакцинирање“, најави таа.

ЕК претходно оваа недела објави дека во јули ќе има доволно вакцини за 70 проценти од возрасната популација на ЕУ.

Во вториот квартал, земјите-членки на ЕУ треба да добијат вкупно околу 410 милиони дози, најмногу од Фајзер/Бајонтек - 250 милиони, 70 милиони од Астразенека, 55 милиони од Џонсон&Џонсон и 35 милиони од Модерна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе