Според британските медиуми

ЕУ и Британија ја договорија цената на брегзитот – 60 милијарди евра

Велика Британија и Европската Унија постигнале начелен договор за износот на британските обврски за брегзитот кон Унијата, јавува весникот Дејли телеграф повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот пишува дека начелниот договор околу барањето на ЕУ Лондон да си ги подмири обврските кон Унијата во износ од 60 милијарди евра. Дејли телеграф тврди дека конечната сметка за брегзитот ќе биде меѓу 45 и 55 милијарди евра.

ЕУ вели дека британските потези би требало да се случат пред самитот на средината на декември за лидерите на ЕУ да можат да одобрат нова фаза на преговорите која би ги вклучувала и идните трговски односи.

Ако биде постигнат договор, тоа ќе биде знак дека двете страни значително се приближиле и до договор на самитот на 14 и 15 декември што ќе им овозможи да се пренасочат преговорите на трговските односи по брегзитот.

Европската комисија не сакаше да го коментира извештајот, а анонимен функционер на британската влада кажа дека не знае за тврдењата на весникот.

Двете страни веруваат дека се блиску до договор околу експатридите во Британија и на континентот.

Третиот клучен критериум за преминување во другата фаза, начелниот договор за избегнување тврда граница меѓу ЕУ и Обединетото Кралство која би можела да го наруши мирот во Северна Ирска, останува потенцијална пречка.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе