Претходно сервисите Гугл дискавер и Гугл њуз го ограничија прикажувањето на материјали од сите ресурси на медиумската група Русија севодња, а компанијата Мета (Фејсбук и Инстаграм) ги исклучи апликациите во сопственост на оваа група.
Медиумската група Русија севодња претставува низа информативни ресурси – во странство тоа се меѓународната новинска агенција РТ и Спутник, а во Русија – РИА Новости, Прајм, ИноСМИ, Украина.ру, Балтњуз и ТОК.
Забраната ќе остане на сила „сè додека не заврши агресијата на Украина и додека Руската Федерација и нејзините медиумски сервиси не престанат да шират дезинформации и информациски манипулации против ЕУ и нејзините членки“, се наведува во соопштението.
Заменичката уредник на РТ Ана Белкина ја осуди одлуката и кажа дека критичарите на медиумот „не дадоа ниту еден пример, ниту едно зрно доказ дека она што РТ го пренесува деновиве не е вистина“.