ЕУ го повика рускиот амбасадор на разговор

Европската Унија го повика рускиот амбасадор на разговор откако Москва им забрани влез на осум европски политичари во земјата.

Фото: ЕПА

Амбасадорот Владимир Чижов бил примен од високи претставници на ЕУ и му било кажано дека ЕУ го задржува правото да преземе соодветни возвратни мерки.

„Амбасадорот Чижов беше информиран дека институциите и членките на ЕУ силно ја отфрлаат и силно ја осудуваат оваа одлука, која беше исклучиво политички мотивирана и нема правна основа“, соопшти ЕУ.

Русија минатата недела забрани влез на европски политичари како одговор на санкциите на блокот, кои Москва ги смета за „нелегитимни еднострани санкции“.

Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли и потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова се меѓу оние што имаат забрана за влез во Русија.

ЕУ и САД неодамна презедоа голем број мерки против Москва, од протерување дипломати и забрани за патувања до економски санкции.

Односите меѓу ЕУ и Русија се сѐ понапнати. Европските дипломати ја обвинуваат Русија за сериозно прекршување на човековите права, додека Русија го обвинува блокот за политичко мешање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе