Ќе биде во притвор до следната одлука на судот

ЕУ го осуди апсењето на Навални, Литванија побара дополнителни санкции за Русија

Апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални веднаш по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо, оцени вечерва на Твитер претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој побара негово итно ослободување.

EPA-EFE

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел ги повика руските власти да ги почитуваат правата на Навални и побара негово ослободување.

„Неприфатлива е политизацијата на (рускиот) правосуден систем“, оцени Борел.

Министерството за надворешни работи на Литванија од своја страна побара од ЕУ да разгледа нови санкции против Русија поради апсењето на Навални.

Руската полиција го приведе вечерва Навални на аеродромот Шереметјево додека се подготвувал да ја мине пасошката контрола.

Заводот за извршување кривични казни соопшти дека Навални ќе биде во затвор до следната одлука на судот.

Службата соопшти дека по Навални од 29 декември 2020 е распишана потерница поради „повеќекратни кршења на правилата“ на условната казна.

Навални реши да се врати во Русија и покрај заканата со затворска казна.

Критичарот на официјален Кремљ во Германија се лекуваше откако во август ненадејно му се слоши на локален лет од Сибир. Лаборатории во Западна Европа заклучија дека Навални бил отруен со нервниот агенс новичок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе