Предупредување од холандска министерка

ЕУ го губи трпението со Британија

Тврдењата на Борис Џонсон дека води преговори за брегзитот уште повеќе се доведени под сомнеж откако најблискиот европски сојузник на Велика Британија алармираше за „неверојатен“ развој на настаните во Вестминстер и за тоа што владата нема дадено алтернативи за ирскиот „бекстоп“.

Холандската министерка за трговија, Сигрид Кааг, сцените што се одвиваат во Лондон ги опиша како „неверојатни“ и предупреди дека слабее трпението на ЕУ со оглед на влијанието на континуираната неизвесност врз европските бизниси.

Во интервју за холандскиот финансиски весник Хет Финансиеле Дагблад, Кааг предупреди дека со оглед на штетата предизвикана врз европските бизниси, бунтовничките пратеници што сакаат да го одложат брегзитот ќе треба да издејствуваат избори или втор референдум за да се одложи брегзитот по 31 октомври.

„Во еден момент, што е многу многу е“, рече Кааг. „Во таа фаза, сигурното влошување на состојбата може да биде подобро од продолжувањето без перспектива. Во одреден момент мора да има јасност. Потребна е добра причина за ново одложување. А што? Тешко е да се каже категорично.“

„Мора да го видите контекстот и да видите дали постои реално очекување дека по ова ќе следува наредната фаза. Но досега Британците не презентираа алтернатива на договорот за брегзитот што веќе постои“.

Кааг зборуваше додека бројките од Хаг откриле дека компаниите од Велика Британија минатата година значително ги зголемиле своите инвестиции во Холандија, на вкупно 80 милијарди евра во споредба со 14 милијарди евра во 2016 година.

Велика Британија сега е најголемиот инвеститор во Холандија. Наспроти тоа, холандските компании минатата година повлекоа 11 милијарди евра, споредено со инвестициите од 50 милијарди евра во 2016 година.

„Деловниот аспект од брегзитот сè уште не е добро разработен“, рече Кааг. „Луѓето ги дадоа своите гласови врз основа на емоции или процена без социоекономска основа. Доказите беа игнорирани. Штетата сега е јасна. Мислам дека работата е драматична“.

Министерката предупреди дека трпеливоста на ЕУ во однос на неискреноста на Велика Британија нема да трае вечно, бидејќи влијае врз можноста на блокот да тргне напред по сопствениот пат.

„Секогаш е подобро ако во вашата куќа владее ред и можете да кажете: сега ќе се здружиме со Американците или ќе се подготвиме подобро за негативните последици од трговската војна меѓу САД и Кина. Брегзитот секогаш го одвраќа вниманието од тоа“, рече Кааг.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе