Рампа најмалку две недели

ЕУ ги тргна Србија и Црна Гора од листата на безбедни земји

Амбасадорите на 27 земји членки на ЕУ ги тргнаа Србија и Црна Гора од листата на земји за кои досега важеше препорака за можност за патување преку надворешните граници на Шенген зоната.

EPA-EFE

Тоа се воведува на најмалку две недели, јавува Танјуг.

Србија и Црна Гора се тргнати од листата на Советот на ЕУ поради влошената епидемиолошка ситуација во земјите.

Се додава дека можноста за отворање на надворешните граници на ЕУ за граѓаните на Србија и Црна Гора ќе се разговара повторно за две недели.

Отстранувањето на двете балкански земји од списокот синоќа го предложила Германија, која претседава со ЕУ, а предлогот го поддржале неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Холандија, пренесува Ројтерс.

Советот на ЕУ истакна дека препораката „нема законски карактер“, а дека земјите членки се „одговорни за примената на содржината на препораката“.

„Земјите членки можат, транспарентно, постепено да ги креваат огранучувањата на патувањата само од земјите од листата. Тие не би требало да одлучуваат за укинување на рестрикциите на патувања за земјите кои не се на листата пред тоа координирано да се договори“, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе