ЕУ ги повикува најголемите светски економии да ги подигнат климатските цели

Шефот на европската дипломатија во четвртокот ги повика најголемите светски економии да постават повисоки цели во поглед намалувањето на емисиите на стакленички гасови до ноемврискиот климатски самит.

Фото: ЕПА

Претходно оваа недела, извештај на ОН ја покажа сериозноста од глобалното затоплување, што е опасно близу до ги премие границите за кои државите постигнаа консензус дека се неопходни за да се спречат најтешките последици од климатските промени.

Пожари и поплави веќе предизвикуваат разорување, а Сицилија во средата забележа температура од 48,8 степени Целзиусови, што според некои научници е можеби највисоката температура во европската историја.

„Предизвик е да се осигури дека на самитот во Глазгов сите големи економии ќе преземат доволно амбициозни, мерливи и проверливи цели за 2030 година и посветеност на климатска неутралност“, напиша Жозеп Борел во статијата.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД ќе постигнат јаглеродна неутралност до 2050 година, додека истата цел стана закон на ниво на ЕУ.

Климатската неутралност подразбира ослободување само онолку стакленички гасови колку што можат да се отстранат од атмосферата со вегетација или технологии за апсорпција на СО2.

Кина, Индија и Русија се меѓу земјите кои се соочуваат со меѓународен притисок да ги зголемат своите амбиции за неутралност до климатскиот самит на ОН во Глазгов.

Како најголема развиена економија, Европската унија има обврска да биде пример за другите, рече Борел.

„Како една од економски најразвиените области во светот, ние сме меѓу оние што емитираат и во минатото емитирале, најмногу стакленички гасови одговорни за климатските промени“, рече тој.

Минатиот месец, Европската унија предложи 13 закони за намалување на емисиите на стакленички гасови ширум Унијата за да се постигне намалување на емисиите од 55 проценти во однос на 1990 година, до 2030 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе