„Непримерно е да се прикажуваат слики на бомби или проектили во врска со санкциите, додека целта на санкциите е токму сопирање на бомбите кои паѓаат на Украина“, им кажа на новинарите Дана Спинант, заменичка на главниот портпарол на Европската комисија.
Европската Унија до сега ѝ воведе осум рунди санкции на Русија поради војната во Украина, насочени на увозот на руски јаглен, нафта, челик и дрво, со забрана за извоз на одредени високотехнолошки производи во Русија во обид да се влијае на финансирањето на војната.
“The Brussels sanctions are destroying us!” HU govt advertising its ‘national consultation’ survey of households from today on streets and public transport 💣💥 pic.twitter.com/XI2QWOIKrf
— Peter Murphy (@MurphyPeterN) October 18, 2022
Унгарскиот премиер Орбан сè повеќе ги осудува санкциите против Русија и кажува дека имаат поголемо влијание врз европските економии отколку на руската економија. Во мај изјави дека санкциите на руската нафта ќе имаат ефект на нуклеарна бомба на економијата на Унгарија.
Санкциите на ЕУ мора да бидат одобрени едногласно, што значи дека Унгарија го одобрила секој пакет. Меѓутоа, Будимпешта го искористи своето право на вето за да изнуди исклучоци, главно во врска со ембаргото на нафтата.
Унгарија го блокираше додавањето на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква и верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, на листата на санкции. Унгарија склучи нов договор за снабдување со рускиот нафтен џин Газпром и покрај повиците во ЕУ да е намали зависноста од руските енергенси.
Плакатите со кампањата на унгарската влада прикажуваат проектили на кои пишува „санкции“ со слоганот „Санкциите на Брисел нè ограбуваат нас“. Плакатите промовираат „национални консултации“ кои треба да се спроведат во ноември како анкета на граѓаните за санкциите.
Прашалникот Унгарците можат да го пополнат дома и да го испратат по пошта.
Во воведот на прашалникот е наведено: „Ова се прашања со идните консултации на Унгарија за пропаднатите санкции на Брисел“. Санкциите се опишани како рестриктивни мерки и како „санкции кои потекнуваат од лидерите на Брисел“. Во прашалникот унгарските граѓани се прашуваат дали се сложуваат со нафтените санкции на ЕУ „и покрај значителното изземање кое Унгарија го обезбеди“. Исто така, се прашуваат дали се сложуваат со санкции за снабдувањето со природен гас, како и оние кои се однесуваат на туризмот.
„Бројот на туристи од Русија значително опадна. Оваа мерка ја погодува и Унгарија, особено бидејќи бројот на туристи од странство е сè уште под нивото пред пандемијата. Овој сектор обезбедува работа за илјадници луѓе во нашата земја“, се наведува во прашалникот.
Националните консултации се отворени до 9 декември 2022 година.