ЕУ: Ги идентификувавме лажните вести за коронавирусот, доаѓаат од Русија

Европската Унија ги идентификува лажните информации за коронавирусот, кои доаѓаат од Русија, изјави потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова за германската агенција дпа.

Кампањата на Унијата ЕУвсДезинфо собра повеќе од 150 дезинформации поврзани со Кремљ за ковид-19, рече Јурова, комесарка за вредности и транспарентност.

Јурова вели дека не може да каже дека државата наредила да се пласираат такви дезинформации, бидејќи нема доволно докази за тоа.

Таа додаде дека имало и официјални изјави на руските власти насочени против ЕУ, чија цел е, како што рече, предизвикување страв и нервоза кај јавноста.

Кина, од друга страна, е склона кон пропаганда, истакна комесарката, додавајќи дека се ширеле тврдења дека Европа нема да може да се справи со коронавирусот без помош на Кина.

Најдобар начин за борба против лажните информации и пропаганда е преку факти, рече таа, додавајќи дека постои огромна потреба од факти и веродостојни информации.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе