ЕУ ѝ понуди 400 милиони евра на иницијативата предводена од СЗО за вакцини против ковид-19

Европската комисија објави денес дека на иницијативата на СЗО за набавка на вакцини против ковид-19 ќе ѝ понуди 400 милиони евра.

Фото: ЕПА

Иницијативата наречена Ковакс планира да купи 2 милијарди потенцијални вакцини од повеќе производители до крајот на 2021 година, јави Ројтерс.

Европската комисија преговара за набавка на вакцина против ковид-19 со неколку фармацевтски компании во име на 27 земји-членки на Унијата и во последните неколку недели најави дека владите на членките не можат паралелно да набавуваат вакцини.

„Денес, Комисијата објави дека на Ковакс ќе му уплати 400 милиони евра за заедничка набавка на идни вакцини, во корист на земјите со низок и среден приход“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Комисијата во соопштението додаде дека е подготвена со другите членки на ЕУ да ја „сподели експертизата и ресурсите во рамки на Ковакс за да се забрза развојот и да се зголеми производството на вакцина за граѓаните ширум светот, и за сиромашните и богатите земји“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе