Формирање на Заедницата на српски општини

ЕУ бара од Приштина почитување на Бриселскиот договор

Функционери на Европската Унија му порачаа на Косово дека почитувањето на Бриселскиот договор е обврска која мора да ја исполни, како и дека формирањето Заедница на српски општини мора да биде вклучено во рамки на сеопфатниот договор за кој се преговара во Брисел.

EPA-EFE

Портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Петер Стано кажа денес за Коха диторе дека косовската страна треба да предложи модалитети, наведувајќи ги обврските кои Косово ги презема во 2013 година.

„Косово во 2013 склучи договор за формирање Заедница на српски општини. Овој договор во најдобра намера го склучија сите вклучени страни. Никогаш не е откажан или повлечен. Всушност, собранието на Косово го ратификуваше Бриселскиот договор од 2013 со двотретинско мнозинство. Со тоа Косово презема меѓународна обврска да го спроведе овој договор“, кажа Стано.

Меѓутоа, ден претходно кабинетот на косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека ЗСО нема да биде тема на разговорите во Брисел, и потврдено е дека обврската да се формира ЗСО ќе се исполни со почитување на уставот и пресудата на уставниот суд кој утврди кршења во седум поглавја на договорот од август 2015.

Стано истакна дека одлуката на косовскиот суд во врска со ЗСО погрешно се толкува.

„Судот никогаш не кажа дека Зедницата не може да се формира. Затоа очекуваме Косово да ги почитува обврските кои ги презема во дијалогот. Прашањето на аранжманот за немнозинската заедница – ЗСО, треба да се реши како дел од сеопфатниот договор како што беше договорено на првите состаноци на лидерите во јули 2020, а потоа беше потврдено во последниот круг на 7 септември 2020 година“, истакна Стано.

Тој овој став го изнесе во време кога специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Косово и Србија Мирослав Лајчак престојува во посета на Косово и Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе