Етнички чиста единица од Албанци војува на страната на ИСИС во Сирија, се смета за „најстрашна“

Одреден број Албанци од Косово, кои ѝ се придружиле на таканаречената Исламска држава и војуваат во Сирија се собрани во една етнички чиста единица под називот „Борбена група“.

Таа група се смета за „најстрашна“ на сирискиот фронт.

Како што јавува Метро њуз, а пренесуваат косовските медиуми, тоа е забележано во извештајот на Воената академија и центарот за борба против тероризмот на САД.

„Последното активно присуство на џихадисти од регионот во Сирија е етничка албанска единица во рамки на Хајат тахрир ал шам. Албанската заедница е „Катиба“ (Борбена група) сочинета од етнички албански милитанти кои дејствуваат околу северозападната сириска провинција Идлиб“, се наведува во извештајот, а пренесува Газета експрес.

Припадниците на ИСИС од други земји од западен Балкан војуваат во Сирија заедно со припадници на други народи, а само Албанците имаат своја етнички чиста единица, која е добро подготвена и е во добра борбена форма.

Моноетничката единица на Албанците има и своја командна структура, што укажува дека нивниот број не е мал.

Се наведува дека за разлика од другите земји од западниот Балкан, кои на борците на странските фронтови им изрекуваат жестоки казни кога ќе се вратат дома, Приштина во тој поглед е толерантна и просечната затворска казна која им се изрекува е околу три и пол години.

Како резултат на тоа околу 40 отсто од осудените за тероризам на Косово веќе ги отслужиле своите казни и се пуштени од затвор.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе