Етиопските сили започнаа офанзива во бунтовничкиот северен регион Тиграј

Етиопските владини сили денеска започнале офанзива врз главниот град Мекеле, во бунтовничкиот северен регион Тиграј, откриваат дипломати и водач на силите на Тиграј.

EPA-EFE/MOHAMMED ABU OBAID

Дебрецион Гебремихаел, водач на Народноослободителниот фронт Тиграј (ТПЛФ), за Ројтерс изјави преку текстуална порака дека Мекеле бил цел на „тешко бомбардирање“.

Дипломатот откри дека имало експлозии на северот на градот, во областа Хамидаи. Друг дипломат исто така откри дека нападот започнал.

Билин Сејом, портпаролка на кабинетот на премиерот, рече дека етиопските сили нема да „бомбардираат“ цивилни области, додавајќи дека „безбедноста на Етиопјаните во Мекеле и регионот Тиграј и натаму е приоритет за сојузната влада“.

Наводите на двете страни се тешки за проверка бидејќи телефонските и интернет врските со регионот се во прекин, а пристапот до регионот е под строга контрола.

Владата минатата недела му постави ултиматум на ТПЛФ да го положи оружјето или да ризикува напад врз Мекеле, град со половина милион жители, што предизвика страв од голем број цивилни жртви. Ултиматумот истекол во средата.

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед им соопшти на африканските мировни пратеници во петокот дека владата ќе ги заштити цивилите во Тиграј. Тој додаде дека смета дека конфликтот е внатрешно прашање и неговата влада досега ги отфрла обидите за посредување во конфликтот.

Се верува дека во судирите загинале илјадници, додека околу 43.000 бегалци избегале во Судан.

Дебрецион ја обвини еритрејската армија за преминување на границата и претрес на бегалските кампови во Тиграј за да ги фатат бегалците кои во минатото пребегале од Еритреја.

ТПЛФ и Еритреја се жестоки непријатели. ТПЛФ управувал со Адис Абеба во војната меѓу Етиопија и Еритреја од 1998 до 2000 година. Но, Еритреја и Абиј имаат блиски односи. Етиопската влада ги негира обвинувањата на ТПЛФ дека еритрејски војници делуваат на етиопска територија.

Во петокот вечер во Еритреја се слушнала „голема бучава, веројатно експлозија“ во главниот град Асмери, соопшти во саботата американската амбасада.

Тиграј доминирал во политиката на Етиопија откако герилците го собориле марксистичкиот диктатор во 1991 година, но нивното влијание опаднало под Абиј. Минатата година ТПЛФ ја напушти владејачката коалиција.

Откако Абиј дошол на власт во 2018 година, голем број високи функционери во Тиграј биле уапсени или отпуштени, во она како што сојузната влада го опишува борба против корупција, а Тиграј како средство за замолчување на неистомислениците.

Населението во Тиграј сочинува пет проценти од вкупното население во Етиопија од 109 милиони жители, но тој регион е многу побогат и повлијателен од многу поголеми региони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MOHAMMED ABU OBAID

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе