Естонија ги затвора границите за Русите со шенген визи

Естонија следната недела ќе ги затвори границите за руските државјани со шенген визи кои ги издала таа земја, најави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Рејнсалу.

EPA-EFE

„За една недела ќе бидат применети санкции за шенген визите кои Естонија им ги издава на граѓаните на Русија. Санкциите значат дека визите ќе останат на сила, но носителите на визите ќе бидат санкционирани при влезот во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот“, кажа Рејнсалу.

Наведе дека од санкциите ќе бидат изземени вработените во дипломатските мисии во Естонија и членовите на нивните семејства, лицата кои се бават со меѓународен товарен и патнички превоз и оние кои имаат право на слободно движење според законот на Европската Унија.

Од санкциите ќе бидат изземени лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиски роднини на естонски државјани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија.

Естонската премиерка Каја Калас во вторникот кажа дека мора да се прекине издавањето туристички визи на руските граѓани и го нарече влезот во Европската Унија „привилегија, а не човечко право“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно неделава побара од земјите членки на ЕУ да им го забранат влезот на сите руски граѓани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе