Естонија ги отстранува спомениците од советско време (ВИДЕО)

Естонија отстрани споменик подигнат во чест на Црвената армија од Втората светска војна во Нарва, град во кој живее големо руско малцинство, и ја обвини Москва дека го користи делото за разгорување тензии.

EPA-EFE

„Мојата влада одлучи да ги отстрани советските споменици од јавните простори во Естонија“, кажа денес премиерка Каја Калас. „Симболите на советската репресија и окупација станаа извор на сè поголеми социјални тензии, а во овие времиња мораме да ги сведеме на минимум поради јавните ред и мир“.

Постои стравување дека отстранувањето на споменикот, стар советски тенк Т-34, ќе предизвика повторување на немирите кои избија во Талин во 2007 година по отстранувањето на друг советски споменик.

Тенот Т-34 на Црвената армија, кој беше дел од споменикот во Нарва, ќе биде префрлен во Естонскиот музеј на војната. Наместо него масовната гробница на жртвите на војната ќе добие „неутрален надгробен споменик“. Градоначалничката на Нарва Катри Раик претходно одби да го предаде тенкот на музејот.

Споменикот е обично во центарот на градските церемонии на одбележување на Денот на победата. Градскиот совет на Нарва не успеа да донесе одлука за отстранување на споменикот и покрај налогот на владата да го направи тоа пред крајот на годината. Во Естонија и нејзиниот балтички сосед Летонија живеат големи руски малцинства кои често се во судир со ставовите на владите.

Има и стравови дека Москва ќе се обиде да ги искористи разликите во ставовите за дестабилизација на тие земји, членки на Европската Унија и НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе