Ескалира судирот на Британија и Франција, Британците се закануваат со одмазда

Британија би можела да нареди запленување на повеќе француски бродови во знак на одмазда откако Франција задржа британски рибарски брод во француските води, предупреди британски министер во новата ескалација на спорот околу риболовот по брегзитот.

EPA-EFE

Британското министерство за надворешни работи ја повика француската амбасадорка во Лондон да ги објасни потезите на Париз.

„Очигледно ни е секогаш отворена можноста да ги засилиме мерките кои ги спроведуваме на француските бродови, да заплениме неколку од нив ако тие тоа го прават со нашите бродови“, изјави британскиот министер за заштита на средината Џорџ Јустис за Би-би-си.

„Има и други административни работи кои можеме да ги бараме од бродовите. Тоа е нешто во што не сакаме да навлегуваме“.

Британскиот рибарски брод Корнелис Герт Џен беше одведен во северното пристаниште Ле Авр откако екипажот не успеал да докаже дека му е дозволено да лови во француските територијални води.

Јустис кажа дека Лондон засега е фокусиран на обидите за решавање на проблемите со Европската Унија и со француската амбасада во Лондон.

„Очигледно ја задржуваме можноста да возвратиме на пропорционален начин“, кажа тој.

Франција предложи потенцијални санкции против Британија ако нема напредок во преговорите, вклучувајќи дополнителни царински проверки на британската стока од 2 ноември и намалување на извозот на електрична енергија во Британија.

Францускиот министер за земјоделство Жулиен Денорманди кажа денес дека нема придвижување во преговорите на Франција и Британија за риболовните дозволи по брегзитот и дека е правилно Франција да разгледа санкции против Британија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе