Затворен воздушниот сообраќај

Еруптираше вулкан на Исланд по над 40 илјади земјотреси (ВИДЕО)

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, еруптираше вчера по илјадници мали земјотреси во таа област во изминатите недели, соопшти метеоролошката служба на таа земја.

EPA-EFE

Ерупцијата на вулканот почна на Фаградасфјал, планина сместена околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

Полуостровот Рејкјанес е сеизмичко жариште во кое во последните недели имаше најмалку 40 илјади земјотреси.

Исландските медиуми пренесуваат фотографии и снимки од ноќното небо кое поради вулканот било црвено.

Целиот сообраќај од меѓународниот аеродром Кефлавик е прекинат, а хеликоптер со научен персонал кој би испратен за да ја процени големината на ерупцијата морал да се врати поради непосредната опасност, објави Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе