„Луѓето со респираторни болести треба да останат во затворено за да избегнат вдишување честички пепел, а секој кој излегува на отворено треба да ги покрие устата и носот со маска или ткаенина“, предупреди Националната метеоролошка служба во Хонолулу. „Можна е штета за посевите и животните. Се очекуваат помалу оштетувања на опремата или инфраструктурата. Намалена е видливоста. Може да биде потребно и опсежно чистење“, се додава во предупредувањето.
Истекувањето на лавата за сега е ограничено на врвот и не се заканува на заедниците во подножјето, соопшти Хавајската вулканска опсерваторија. Додава дека ветерот може да носи вулкански гас и пепел, пренесува Си-ен-ен.
„Врз основа на минатите случувања, раните фази на ерупција на Мауна Лоа можат да бидат многу динамични и може брзо да ја менуваат позицијата и напредувањето на тековите на лавата. Ако ерупцијата остане на врвот, тековите на лавата најверојатно ќе се задржат на рабовите. Но, ако еруптивните отвори мигрираат, текот на лавата би можел да тргне надолу“, наведе Опсерваторијата.
JUST IN: Jareb Ombao took this video at a gas station in Kona. Says it appears there’s “lava coming down Mauna Loa”. He’s urging everyone to be on the alert. @USGSVolcanoes @HawaiiNewsNow pic.twitter.com/qd9AMyeuJU
— Eddie Dowd (@EddieDowdTV) November 28, 2022
Мауна Лоа, мерен по својот обем, е најмасивниот вилкан на Земјата. Вулканот, кој покрива половина од островот Хаваи, еруптирал 33 пати од 1843 година. Последен пат еруптирал во 1984 година, а оваа долга состојба на мирување во која е вулканот е најдолгата забележана во историјата.
Националната метеоролошка служба во Хонолулу на крајот на минатиот месец укажа на зголемена сеизмичка активност и зголемена стапка на потреси во областа на вулканот. „Потресната активност порасна од пет до 10 потреси дневно од јуни 2022 на околу 10 до 20 потреси дневно во јули и август“, тврди американскиот Геолошки институт. Најголемата бројка од над 100 потреси дневно е забележана на 23 и 29 септември.
Зголемената активност го поттикна Националниот парк Хавајски вулкани во октомври да го затвори врвот на Мауна Лоа за сите планинари на неодредено време.