Еруптираше голем вулкан во Конго, лавата ги голта куќите (ВИДЕО)

Еден од најактивните вулкани во светот, Нирагонго во Демократска Република Конго, еруптираше синоќа, поради што владата ги активираше плановите за евакуација на градот Гома, а лавата од вулканот стигна и до аеродромот на тој град, јавија властите.

EPA-EFE

Ерупцијата на вулканот го зацрвени небото над градот Гома на истокот на Конго, чии жители се сеќаваат на последната ерупција на Нирагонго во 2002, која уби 250 луѓе, а 120 илјади остави како бездомници.

Во поголемиот дел од градот нема струја, телефонските линии се во прекин, а илјадници луѓе се евакуирани. Некои избегале кон исток, кон границата со Руанда, додека други бегаат на запад.

Премиерот на Конго Жан Мишел Сама Луконде свика итна седница на владата во главниот град Киншаса за одлучување за итните мерки и евакуацијата од Гома, зоопшти портпаролот на владата на Твитер.

Дарио Тедеско, вулканолог од Гома, кажа дека во Нирагонго се отвораат нови пукнатини, дозволувајќи ѝ на лавата да тече кон југ, кон Гома, откако на почетокот течеше само кон исток.

„Сега метата е Гома“, кажа Тедеско за Ројтерс. „Слично е како во 2002, мислам дека лавата оди кон центарот на градот. Би можела да сопре пред градот или да продолжи. Тешко е да се предвиди“.

Набљудувачите на вулканот беа загрижени дека вулканската активност забележана во последните пет години на Нирагонго ја одразува онаа која претходела на ерупциите во 1977 и 2002.

„Се чувствува мирис на сулфур. Во далечината може да се види џиновски пламен како излегува од планината“, кажа Карина Мбала за Франс прес.

Службеник на националниот парк Вирунга, во кој се наоѓа вулканот, го предупредил персоналот дека ерупцијата е слична на таа од 2002 и дека сите од аеродромот треба „да се евакуираат без одложување“.

Нирагонго е еден од најактивните вулкани во светот, а претходно се појавија информации дека Опсерваторијата на вулканот Гома не ја набљудувала правилно неговата активност откако Светската банка го укинала финансирањето поради обвинувања за корупција.

Во извештајот од 10 мај, опсерваторијата предупредила дека сеизмичките активности на вулканот се засилиле.

Минатата година директорот на опсерваторијата Катчо Каруме кажал за Би-би-си дека езерото на вулканска лава брзо се полни, зголемувајќи ги шансите за ерупција во следните неколку години. Предупреди и дека земјотрес би можел порано да предизвика катастрофа.

Најсмртоносната ерупција на вулканот се случила во 1977 година, кога умреле над 600 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе