Според НАСА

Ерупцијата кај Тонга стотици пати посилна од атомска бомба, од неа атмосферата „одѕвонувала“

Вулканската ерупција во океанот во близина на Тонга била стотици пати посилна од атомската бомба фрлена од САД врз Хирошима, објави НАСА.

Фото: ЕПА

Ерупцијата пред десет дена целосно уништи еден вулкански остров северно од главниот град Тонга Нукуалофа, а потврдено е дека во цунамито загинале три лица.

Наглото испуштање енергија предизвика океанско цунами што беше почувствувано дури до американскиот западен брег, но предизвика и бранови притисок во атмосферата што брзо се пренесоа низ целиот свет.

Џејмс Гарвин од НАСА, главен научник во Центарот за вселенски летови Годард, соопшти дека вселенската агенција првично проценила дека експлозијата била силна колку 4 до 18 мегатони ТНТ, стотици пати посилна од бомбата што САД ја фрлија врз Хирошима, Јапонија, за време на Втората светска војна. Од сателитите што гледаат со инфрацрвени сензори од горе, бранот изгледал како бранувањето предизвикано со фрлање каменче во бара.

Брановите можат брзо да ја поврзат атмосферата низ целата Земјина топка, како бранови што се шират низ музички инструмент, како што се жици од виолина, кожа од тапан или метално ѕвоно. Атмосферата може и да „ѕвони“ на низа од различни фреквенции.

Веднаш по ерупцијата и цунамито кај Тонга се стравуваше дека изворите на вода се загадени со пепел, но претходните денови со тестирање беше утврдено дека подземните и дождовните води се безбедни за пиење.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе