130 активни вулкани во Индонезија

Ерупција на вулкан на островот Јава, исфрлил чад и пепел 5,6 километри во атмосферата (ВИДЕО)

Вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава денес проработи и исфрли чад и пепел во висина од 5,6 километри во атмосферата, се наведува во извештајот на агенцијата за геологија на индонезиското министерство за енергетика.

EPA-EFE

Ерупцијата на вулканот почнала во 17 часот по локално време, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како над куќите кружат облаци од сив пепел, пренесува Ројтерс.

Неодамна и други вулкани, како Мерапи на Јава и Синабунга на Суматра, покажаа знаци на засилена геолошка активност.

Во Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе од која било друга земја во светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе