Ерупција на Етна, затворен е главниот аеродром во Сицилија (ВИДЕО)

Аеродромот Катанија на Сицилија беше принуден да ги прекине летовите во средата откако Етна еруптира и ја покри пистата со вулканска пепел, соопшти аеродромот.

Фото: ЕПА

Авионите утрово не можеа ни да полетуваат ни да слетуваат, рекоа на аеродромот.

Етна еруптира неколку пати во последните неколку недели, но информациите за голема штета или за повредени се ретки.

Повремено паѓа пепел и пукаат прозорски стакла од татнежот на вулканот за време на ерупциите.

Етна, висока 3.300 метри, во последните денови исфрла лава и пепел, претежно од нејзиниот југоисточен кратер, според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна.

Вулканот исфрлал пепел и до пет до 10 километри во висина, се вели во извештајот на ИНГВ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе